На 50 се зголеми бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз болницата „Камал Адван“ во Газа

December 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелските воени авиони врз болницата „Камал Адван“ во Појасот Газа се зголеми на 50, меѓу кои петмина се здравствени работници, известува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека израелската армија со воздушни напади ги бомбардирала зградите околу болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Газа.

Во соопштението се вели дека вкупно 50 лица, од кои 5 здравствени работници, се убиени во тековните бомбардирања на Израел.

Во исто време, се повикува меѓународната заедница да ги заштити цивилите во Газа од израелските напади.

Во претходната изјава, беше објавено дека петмина Палестинци, членови на медицинскиот персонал, се убиени во израелските бомбашки напади врз областа околу болницата Камал Адван.

– Планот на Израел да го уништи северниот дел на Газа

Израелската армија често издава наредби за евакуација од многу области, особено за северниот дел на Појасот Газа, присилно раселувајќи ги Палестинците во регионот. Има коментари според кои Израел се обидува да го спроведе планот опишан како „Планот на генералите“.

Овој план наречен „План на генералите“ предвидува депортирање на Палестинците од северниот дел на Појасот Газа, по што следи опколување на областа и забрана за влез на храна, гориво или чиста вода во тоа подрачје.

Во таков случај, борците на вооружениот отпор се принудени да избираат помеѓу смрт или предавање. Палестинците кои нема да го напуштат подрачјето или не можат да го сторат тоа, се третираат како непријателски елементи.

Од 7 октомври минатата година Израел во брутални бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа уби 45.399 Палестинци, од кои приближно 17.492 деца и 11.979 жени, и повреди 107.940.

Сѐ уште има илјадници мртви под урнатините, а цивилната инфраструктура во Газа се уништува со таргетирање на болници и образовни институции во кои се засолнети Палестинците кои ги напуштиле своите домови бегајќи пред израелските бомбардирања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Негативен извештај за Судскиот совет – Собранието ќе одлучи за разрешувањето на пет члена на Советот

Следно

Новата сезона на Формула 1 со најмногу дебитанти

Latest from Blog

Обвинителството оформи предмет по допрен глас по наводи за незаконито следење од безбедносни служби

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик

Пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието Африм Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик во земјава.  Извор: 24vesti.mk

Ердоган: Туркије ќе осигури безбедност надвор од нејзините јужни граници, почнувајќи од 2025 година

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије ќе осигури безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани што произлегуваат од тие региони почнувајќи

Реал Мадрид го скрати името на стадионот, „Сантијаго“ оди во минатото

Според сите проценки, Реал Мадрид ќе добие дом со ново име. Раководството на клубот одлучи „Сантијаго Бернабеу“ да замине во минатото. Отсега за комерцијални цели ќе се вика само – „Бернабеу“. Медиумите
Go toTop