МВР: Петмина напаѓачи во црна облека и фантомки го извршиле двојното убиство во Старата скопска чаршија

March 7, 2023
2 mins read

Како што информираат од МВР, возилото „ауди а6“ било опожарено на патот кон Горно Оризари. Телата на двајцата убиени триесет и седумгодишниот Ј.К. и дваесет и осумгодишниот Е.И., кои од повредите починаа на самото место, по наредба на јавен обвинител се дадени на обдукција

Вооружените напаѓачи кои вчера вечерта убија две и ранија едно лице во угостителски објект во Старата скопска чаршија биле петмина на број, облечени во црна облека и маскирани со фантомки, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Многубројни полициски екипи синоќа го обезбедуваа приодот кон угостителскиот објект каде што се случи двојното убиство/Фото: 360 степени

Оттаму информираат за уште еден детаљ за кој синоќа имаше повеќе шпекулации, а се однесуваше на локацијата каде што е запалено возилото со кое се претпоставува дека напаѓачите побегнале по крвавиот пир.

Како што информираат од МВР, возилото „ауди а6“ било опожарено на патот кон Горно Оризари.

Телата на двајцата убиени – триесет и седумгодишниот Ј.К. и дваесет и осумгодишниот Е.И., кои од повредите починаа на самото место, по наредба на јавен обвинител се дадени на обдукција.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. ‘Самоилова’ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, кој излезе на самото место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20:30 часот било опожарено возило ‘ауди а6’ на патот кон Горно Оризари“,

се наведува во соопштението на МВР утрово.

По насоки дадени од  јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица.

„Се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството“,

велат од МВР.

Според неофицијалните информации што се појавија во медиумите, а се однесуваат на идентитетот на убиените, станува збор за Јетон Кривањева и Енес Исени, што соодветствува на иницијалите што и синоќа и утрово ги соопшти полицијата.

Двајцата наводно се наоѓале на вториот кат од угостителскиот објект каде што биле пронајдени од сторителите.

Медиумите синоќа објавија и информации за инциденти што наводно се поврзуваат со Кривањева, а за кои и претходно се пишувало во јавноста.

Тој наводно бил дел од групата кон која се пукаше во вооружен напад во хотелот „Александар палас“ во 2019 година.

За ранетиот во нападот од Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница) вчера вечер за МИА соопштија дека тој со приватно возило бил донесен во болницата околу 20:15 часот и имал две рани. Едната, помала, на левото стапало, додека поголема имал на десната потколеница. Раните му биле обработени, направени биле потребните снимања и преврски, поставена му е имобилизација, по што е пуштен на домашно лекување.

Поврзани вести:

МВР за двојното убиство во Стара чаршија: Пукано е кон три лица, двајца починале на лице место

(ФОТОГАЛЕРИЈА) По двојното убиство, врие од полиција кај Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Неколку полициски комбиња пристигнаа на местото на двојното убиство, тече увидот кај Старата чаршија

Детали за двојното убиство: Напаѓачите влегле маскирани, фиксирани се траги на лице место

Третиот ранет во Стара чаршија е пуштен на домашно лекување: Имал две прострелни рани

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бахмут ги спука Зеленски и Залужни?

Следно

Перу: Пет војници се удавиле откако се обиделе да преминат река

Latest from Blog

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16
Go toTop