МВР ги демантира тврдењата за „софтвер за шпионажа“ – станува збор за форензички алатки

June 8, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.

Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.

Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот.

Напоменуваме дека ист софтвер бил набавен и во 2021 година, во време кога Министерството било раководено од министер од политичката партија СДСМ, што како факт сам по себе ја нагласува противречноста на денешните обвинувања.

Набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела.

Министерството апелира до сите политички чинители да се воздржат од пласирање на дезинформации кои ја поткопуваат довербата во институциите. Очекуваме поддршка за професионалното и законито постапување на службите во интерес на јавната безбедност.

Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Следно

„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

Latest from Blog

Во Албанија 8 од 10 анкетирани граѓани тврдат дека здравствениот систем е корумпиран

Спроведена анкета во која се опфатени илјада албански граѓани, покажува еден многу загрижувачки феномен во здравствениот сектор во земјата а тоа е корупцијата. -Податоците покажуваат дека 8 од 10 лица изразуваат верување

Филмот како метод за терапија

Филмските работници и педагози Митко Панов и Синоличка Трпкова формално пет години го користат методот филмот како терапија. Според нив, креативноста е нешто што сите нас не одржува во живот. Почнувајќи преку

Стојановски: Без разлика на каков терен ќе играме, ние сме подготвени

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“ на мечот во Астана ќе бидат предводени од Роберт Стојановски, бидејќи селекторот

Израел ослободи 12 затвореници од Газа по повеќемесечно изгладување и тортура

ГАЗА (АА) – Израел денес ослободи 12 затвореници Палестинци, по повеќемесечно заробеништво во кое биле изложени на изгладување и тортура. Станува збор за Палестинци кои биле приведени за време на геноцидната војна

Војна за цензус во економско социјалниот совет – ССМ обвинува за удар од Владата, ВМРО-ДПМНЕ негира политичка заднина

Со измените на Законот за работни односи предложени од група владејачки пратеници, се предвидува да се намали цензусот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% за членство во Економско социјалниот совет.
Go toTop