Мурињо по елиминацијата од Купот на Италија: Честитки за Кремонезе, научив да не плачам по поразот

February 2, 2023
1 min read

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го коментираше поразот (1:2) од Кремонезе во четвртфиналето од Купот на Италија.

– Честитки за Кремонезе. Победија два тешки меча против Наполи и против Рома на гости. Тоа е чудно натпреварување кое ги зголемува шансите за тимови кои не беа во Серија А минатата сезона, како Кремонезе, или кои завршија на дното на табелата. Ова го прави нивното достигнување уште поимпресивно – тие се заслужено во полуфиналето, честитки. Ја плативме цената за страшното прво полувреме, многу лоша игра. Потоа во второто направивме индивидуална грешка. Грешката во првото полувреме се вклопи во контекст на играта, со оглед на тоа што одигравме многу лошо. Една грешка во вториот дел не чинеше втор гол. Тогаш имавме позитивна реакција, но тие се бранеа со многу бројки, а ние немавме среќа. Можевме лесно да постигнеме многу повеќе голови. Но, ние го имаме тоа што го имаме. Со текот на годините, научив да не плачам по поразот и наместо тоа да се радувам на следниот натпревар, изјави Мурињо.

Кремонезе во полуфиналето ќе се соочи со Фиорентина. Првиот натпревар ќе се игра на 5 април, а реваншот на 26 април.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кањон Матка и официјално ќе биде споменик на природата

Следно

Бугарскиот парламент усвои декларација со која остро го осуди насилството над македонските Бугари во РСМ

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop