Муцунски дециден: Уставни измени во овој парламентарен состав, нема да има, ВМРО-ДПМНЕ нуди план во три точки

2 mins read

Уставни измени под вакви услови во мандатот на ова собрание нема да се случат и граѓаните кои со огромна бројка го поддржуваат таквиот став, воопшто нема потреба да се грижат. Во моментот нема услови за такво нешто пред се заради односот на Бугарија кон Македонија, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија АЛСАТ М.

Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одговорот на партија е јасен и дециден, и во таков процес нема да учествуваат.

Нашиот одговор е дециден. Во таков процес ние нема да учествуваме. Што се однесува до решавање на тој проблем кој што ние го имавме со нашиот сосед Бугарија, уште пред да се дојде до ова решение ние понудивме да бидеме дел од процесот, експертски да влеземе, да помогнеме, да и помогнеме на нашата држава, да создадеме консензус. Но, сега кога се најде решение, без наша консултација, и да се очекува дека ние ќе го преземе товар за одговорноста, притоа и самиот овој чекор не дава никаква предвидливост од гледна точка на тоа каков ќе биде европскиот пат на Македонија, е несериозно, рече Муцунски.

Според Муцунски, Македонија се соочува со голем предизвик во однос на надворешна политика, истакнувајќи дека ниту Бугарија не очекувала владата да е волку попустлива, укажувајќи дека треба државата да се консолидира внатрешно, а потоа и надворешно да се создаде план и методологија кои ќе значат вадење на Македонија од овој ќорсокак.

Ние пред нас како држава имаме многу сериозен предизвик. Веројатно најголемиот предизвик е што и самата Бугарија не веруваше дека тоа што ќе и биде отстапено од Македонија последните 5, 6 години дека се случува. Значи и самите тие верувале до кој степен е попустлива нашата надворешна политика. И затоа што треба ние да направиме, да се солидираме внатрешно, да работиме на реформите кои што ни се потребни, да се избориме со криминал и корупција, проблеми во здравство, проблеми во образование, а во делот на надворешната политика да создадеме методологија и план како да ја извадиме Македонија од овој ќорсокак и како да носиме одлуки кои што ќе даваат предвидливост во следните 10 години.

Потпретседателот Муцунски го повтори планот на ВМРО-ДПМНЕ во три точки.

Ние имаме план којшто е составен од 3 точки. Национални политички и економски, но тоа што мораме прво да го направиме, за разлика од оваа недемократски избрана влада, е да ги консултираме граѓаните, да излеземе на избори и да ја дадеме нашата понуда. Меѓу другото една од темите на следните парламентарни избори ќе биде и европската перспектива на нашата држава. Сите пред граѓаните да го презентираме тој план и понатаму преку една добра дипломатска офанзива, кога ќе ја преземеме одговорноста да управуваме со Македонија, да работиме на реализација на тој план. По мене многу помалку е Бугарија релевантна во реализацијата на тој план, многу повеќе другите земји членки, многу повеќе институциите во Брисел, секако не дека и Бугарија не “stakeholder”, но мораме да работиме и на убедување на дел од земјите членки кои и покрај овој предизвик имаат сериозни резерви кон процесот на проширување пред се заради првата точка која што дискутиравме. И сега, не може едното без другото да се гледа. Не може да се каже дека Македонија да го промени Уставот веднаш станува земја членка на ЕУ. Не, далеку сме од тој процес, посочи Муцунски.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Стотици илјади луѓе во Турција и Сирија се останати без работа по катастрофалниот земјотрес

Следно

Сака пред нов договор со Арсенал

Latest from Blog

Тухел останува во Баерн

Германскиот стратег Томас Тухел и следната сезона ќе биде тренер на минхенски Баерн, потврди претседателот на