Монт Еверест не може да се дочисти од ѓубре

1 min read

Државните екипи успеале да отстранат 11 тони ѓубре, четири замрзнати тела и еден скелет од последниот камп на Монт Еверест на кој човек застанува пред да се искачи врвот.

Првиот човек на шерпите проценува дека во кампот и околу него има уште околу 40 до 50 тони ѓубре.

Ѓубрето оставено таму се состои претежно од стари шатори, пакувања за, боци со кислород, јажиња…. Сето тоа замрзнато во слоеви на 8.000 метри надморска височина, на која се наоѓа кампот.

Ѓубрето потекнува главно од постарите експедиции бидејќи во последно време, властите инсистираат алпинистите да го земат со себе и она што веќе не им треба.

Главен предизвик за чистење се условите бидејќи на висина на кампот, нивото на кислород е околу една третина од нормалното количество а ветровите можат брзо да се претворат снежна бура. Особено било тешко вадењето на телата од мразот. Нив прво ги носеле во поголеми санти мраз на пониските делови па подоцна ја довршувале работата.

Монт Еверест првпат е освоен во 1953 година.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Авионско прскање против комарци во Скопје на 12 и 13 јули

Следно

ВАР експерт објасни зошто Англија добила пенал

Latest from Blog