Мобилниот телефон им го спасил животот – го фрлиле преку балконот додека заробени под урнатините чекале некој да им се јави (ВИДЕО)

1 min read

Мобилен телефон спасил четири животи во турскиот град Малатија откако истиот бил фрлен од балконот за време на потресот во понеделникот рано утрото на 6 февруари.

Четиричлено семејство било заробено под урнатините, а еден од нив успеал да пристигне до балконот од каде го фрлил телефонот на улица, а истиот го земал потоа некој и се поврзал со нив преку повик.

Преживеаниот Илхами Екин (58) раскажува како со сопругата, двете ќерки и синот биле под урнатините додека чекале да бидат спасени поради телефонот кој го фрлиле и побарале помош.

За жал неговиот 18 годишен син не го преживеал потресот и Мухамед го загубил животот додека поради мобилниот телефон спасени биле останатите четири животи.

Тој раскажува кога се слушнале преку телефон со непознатиот човек од надвор му кажал дека сите наоколу се мртви и дека тој е жив со својата сопруга и трите деца.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Градот Скопје и „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, смета Муцунски

Следно

Лефков: Братот на Груби купил деловен објект на улица Македонија од 127м2 вреден половина милион евра, додека Артан е вицепремиер

Latest from Blog

Мишел ќе влегува од клупа?

Информацијата на Шпигел е дека Демократската партија размислува околу опцијата Бајден да ја објави својата одлука