МНТ и Сашко Коцев ги откажаа претставите, „Нокаут“ го прекина концертот

December 4, 2023
1 min read

Македонскиот народен театар (МНТ) и актерот Сашко Коцев кој требаше да има стендап во Струмица ги откажаа претставите поради сочувство кон семејствата на починататта 14-годишна Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, МНТ сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ,,Кец на десетка“ закажана за в понеделник, на 4 декември и претставата ,,Животот е прекрасен“ која требаше да биде изведена во вторник, на 5 декември, соопштија од Националниот театар.

Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат за новиот термин на одржување на претставите.

Стендапот на Коцев беше закажан на шестти декември, во среда во Струмица и како што соопштува Коцев е одложен, а за новиот датум гледачите ќе бидат известени преку Eventum и неговиот профил на Фејсбук.

Синоќа првпат во кариерата, Нокаут прекина концерт.

После веста за Вања и Панче, никому не му беше до песна. Само молк, тага, гнев и неверување. Ви благодариме на сите што дојдовте вчера. Ниту еден музичар не би посакал концертот наместо со аплауз да му заврши со едноминутно молчење. Искрено сочувство до семејствата на починатите. Сите тагуваме со нив, објави „Нокаут“.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска кажа дека Вања била киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа во паника била убиена со пиштол.

74-годишниот велешанец Панче Жежовски беше убиен во близина на Велес.

Љупчо Палевски Палчо е организатор и извршител на двете убиства, на 14-годишната Вања од Скопје и на 74-годишниот Жежовски од Велес, соопштија денеска на прес конференција Спасовски и јавниот обвинител Гаврило Бубевски.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

Следно

Колку помалку мито, толку послаби државни функционери и службеници

Latest from Blog

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу. Во соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, на состанокот

Мицкоски за Таравари: Тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои ја пустошеа, криминализираа и ограбуваа Македонија

Денеска во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски рече дека му посакува сѐ најдобро на Арбен Таравари и дека ќе го покани на кафе во Владата. На новинарско прашање по посетата на

Фетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината. Тешкотиите што
Go toTop