МНР: Синот на Мицкоски не беше дел од делегацијата на Самитот на НАТО

July 14, 2024
1 min read

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија излезе со појаснување во врска со составот на делегацијата што ја претставуваше земјата на Самитот на НАТО во Вашингтон и рече дека Јован Мицкоски, синот на премиерот Христијан Мицкоски не бил дел од неа.

Појаснувањето од Министерството доаѓа откако опозициската СДСМ денеска побара одговор од премиерот на чиј трошок синот го придружувал во САД. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрлаат тврдењата изнесени од СДСМ.

„Делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството“се вели во соопштението испратено од Министерството.

Оттаму информираат дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од буџетот на Северна Македонија и додаваат дека за дополнителни информации остнуваат отворени за јавноста.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Почина Шенон Доерти, ѕвездата на култната серија „Беверли Хилс 90210“

Следно

Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Вимблдон

Latest from Blog

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до
Go toTop