МЛС има чуден план: Сите клубови ќе го плаќаат Меси, тој само треба да избере каде ќе игра

March 28, 2023
1 min read

Американците сакаат да го видат Лео Меси во МЛС првенството па скроиле чуден план, сите клубови ќе одвојуваат средства за платата на Аргентинецот, тој само треба да избере каде ќе игра.

САД често беше дестинација на фудбалските ѕвезди во залезот на кариерата, но во последните неколку години работите се променија.

Саудиска Арабија сака да се промовира преку спортот, па Кристијано Роналдо направи трансфер во Ал Наср каде ќе заработува и до 200 милиони евра годишно.

Лео Меси исто така се поврзува со преселба во Саудиска Арабија и со споменуваат слични суми.

Клубовите од МЛС не можат да си дозволат вакви бројки, но имаат чуден план како да стигнат барем до парите кои Лео Меси ги добива од ПСЖ (околу 40 милиони евра годишно).

Имено, сите клубови од МЛС ќе треба да одвојуваат пари за платата на Лео Меси а Аргентинецот ќе треба само да одбере каде сака да игра.

Се верува дека Интер Мајами е клубот кој има најголеми шанси да стигне до потписот на напаѓачот.

На почетокот од овој месец, комесарот на МЛС, Дон Гарбер рече: „Станува збор за најспецијалниот фудбалер во историјата на фудбалот, па добро е што има гласини кои го поврзуваат со Интер Мајами. Доколку тоа се случи, ќе биде одлично за МЛС“.

„Но сигурно ќе треба да направиме нешто несекојднево за да го донесеме во САД“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белорусија одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и НАТО

Следно

Шкотска доби премиер Пакистанец муслиман

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop