Мизрахи: Сали и Меџити велеа дека ќе си понесат политичка одговорност, Филипче на прашањата одговораше „Не знам“

October 20, 2023
1 min read

реклама


Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека при сведочењето пред Анкетната комисија двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“.

„За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководство, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот систем“, вели Мизрахи.

реклама

Целото интервју вечерва во 19 часот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Северна Македонија организиран протест за поддршка на Палестина

Следно

Протест во Скопје за поддршка на Палестина

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop