Мицотакис за Си-ен-ен: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

December 3, 2024
1 min read

Немавме многу успех во носењето одлуки, но сега е време вистински да одиме напред. А новата Европска комисија и претседателката Урсула фон дер Лајен, верувам дека се целосно согласни и препознаваат дека е дојдено време за храбри акции, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си-ен-ен, говорејќи за иднината на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп и степенот на подготвеност на Европа, Мицотакис посочи дека „пораката требаше да ја имаме примено уште пред претседателските избори во САД“.

-Ако го прочитате извештајот на Драги е многу силно предупредување за тоа што Европа треба да го направи за да ја обезбеди својата стратешка автономија и да ја зајакне својата конкурентност. Овие предлози и овие препораки, широки препораки, веќе се дискутирани на ниво на Европскиот совет. И чувствувам зголемена динамика, дека сме стигнати до важна точка и дека треба да донесеме некои клучни одлуки, истакна Мицотакис.

На прашањето дали поддржува носење одлуки со мнозинство, грчкиот премиер посочи дека ја поддржува потребата да се разгледа извештајот на Марио Драги како целина, но „ако тоа значи дека некои одлуки мора да се носат со мнозинство, тогаш треба да се погрижиме земјите да го задржат правото на приговори за критичните прашања, како што се националната безбедност, надворешната политика или одбраната“. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претпладнево закажана седница на Собранието на Нови Сад – единствена точка е разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ

Следно

Министерот Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop