Мицотакис: За шест месеци Солун ќе го добие најмодерното и најубавото метро во Европа

May 20, 2024
1 min read

Во ноември годинава се очекува во Солун свечено да биде пуштена во употреба главната линија на метрото во градот, како што денеска соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан на кој беше презентирана студијата за проширување на солунското метро, јави дописничката на МИА од Атина.

-За шест месеци од сега ќе можеме да им го предадеме на граѓаните на Солун, но и на посетителите, веројатно најмодерното и сигурно најубавото метро од кој било друг европски град, порача Мицотаки и истакна дека конечно метрото во Солун станува реалност.

Врз основа на планот, главната линија на солунското метро ќе биде долга 9,6 километри и ќе има 13 модерни станици, а продолжувањето до Каламарија, кое е во изградба и се очекува да заврши во втората половина на следната година, ќе додаде на мрежата уште 4,8 километри пруга и пет станици.

Според процените на компанијата „Грчко Метро“, по завршувањето на доградбата до Каламарија, метрото дневно ќе опслужува околу 313.000 патници, додека сообраќајот на солунските улици ќе се намали за околу 57.000 возила. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот за податоци

Следно

Претседателот загина, ајатолахот има рак

Latest from Blog

Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски?

Ќе има ли директни преговори Путин – Зеленски на 15 Мај во Истанбул? Откако рускиот претседател Путин предложи, украинскиот претседател Зеленски прифати да разговара очи во очи со рускиот лидер. Нејасни се

Како Турција стана доверлив глобален посредник за мир во конфликтните зони

ИСТАНБУЛ (АА) – Значајната улога на Турција како меѓународен посредник повторно е во центарот на вниманието бидејќи Истанбул се подготвува да биде домаќин на нов, и потенцијално историски, круг мировни преговори меѓу

Израелскиот министер Коен: Планот за протерување на Палестинците од Газа „сè уште е на маса“

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денес изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“, пренесува Анадолу.
Go toTop