Мицкоски за две недели повторно на самит во Брисел, ќе продолжел со нови аргументи

December 4, 2024
1 min read

По враќањето од Брисел премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека новото раководство на Брисел го запознал со владините аргументи за надминување на спорот со Бугарија. Тој најави дека разговорите ќе продолжат и тоа наскоро, за две недели од 17 до 19-ти декември, кога повторно ќе оди во Брисел, на редовениот самит со земјите од Западен Балкан, насловен како “ЕУ-Западен Балкан“. Неговата оценка за средбите е позитивна бидејќи рече дека ‘биле квалитетни и биле понудени цврсти аргументи од Владата’.

„Разговаравме за сите теми коишто се од суштинско значење. Повторно поминуваме низ аргументите, дебатираме, даваме нови аргументи. Сепак, треба да имате претстава дека тоа е нов состав на кој вчера им беше вториот работен ден, тоа значи дека голем дел од информациите коишто сега ги примаат се нови информации за нив. Врз основа на тие дискусии очекувам дополнително, во периодот којшто следи, да се развијат и обликуваат определени можни решенија“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека не верува во инстант решенија.

„Шест месеци по ред правиме се што можеме, со сите личности коишто можат да играат улога во надминувањето на овој наметнат спор којшто не ни дозволува да напредуваме кон полноправно членство во ЕУ, поради егзибиционистичката надворешна политика на претходната Влада. Со ниту еден чекор, нема да ги засрамиме македонските граѓани ниту пак да нанесеме каква било лузна на македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски синоќа во Брисел присуствуваше на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, а попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос. Премиерот се сретнал и со претседателот на Европската народна партија, Манфред Вебер од кого очекува поддршка.

Новата еврокомесарка за проширување во неколку наврати повтори дека, очекува Северна Македонија да го смени Уставот, ‘ништо повеќе и ништо помалку’.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ноќна обиколка низ Богота со божиќен воз

Следно

Што би значело укинувањето на Вториот столб за осигурениците? Одговара Саздов

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop