Мицкоски: Владата дава целосна поддршката за негување на лингвистичките идентитети

September 23, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик кој го користат 72 милиони луѓе ширум светот.

-Ние како Влада целосно ја даваме поддршката за негување на лингвистичките идентитети, затоа што лицата со оштетен слух и говор го збогатуваат нашето општество и култура. Заедницата на глуви лица, без разлика на етничка и религиозна припадност може да ни биде добар модел на заедништво и користење на еден јазик, македонскиот знаковен јазик. Денес имаме околу 7000 илјади глуви и наглуви лица кои го користат македонскиот знаковен јазик, а нашата Влада ќе се бори да им обезбеди достоинствен живот и унапредување на правата! Да е честит 23 септември – Ден на знаковниот јазик, напиша Мицкоски во пораката.

Тој додава дека Обединетите Нации кон крајот на 2017 година го прогласија 23 септември за Меѓународен ден на знаковниот јазик, кој има еднаков статус со сите говорни јазици. Целта е да се подигне свеста за значењето и потребата на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглуви лица.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Есенската кошница на Владата – Многу врева за намалување од 5 до 10 денари

Следно

Во израелските напади врз Газа убиени уште 24 Палестинци, билансот порасна на 41.455

Latest from Blog

Втората група од 200 палестински затвореници спремни за ослободување во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа

АНКАРА (АА) – Втората група од 200 палестински затвореници ќе биде ослободена денес според договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу. Медиумската

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на автобусот. На теренот веднаш излегле екипи од

Kрводарителска акција во Скопје во чест на Тоше Проески, досега собрани стотина крвни единици

Околу 100 крвни единици се обезбедени до 13 часот во крводарителската акција што денеска се одржува во Скопје во чест на музичката ѕвезда Тоше Проески. Граѓаните до 17 часот може да даруваат
Go toTop