Мицкоски: Ова е прва година кога министерството за култура обезбеди дури нула денари за одржување на Вевчанскиот карневал

January 13, 2023
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Вевчанскиот карневал од каде изјави дека ова е прва година кога министерството за култура за жал обезбедило дури нула денари за одржување на ова традиционална манифестација.

-Министерката за некултура ја покажа својата некултура уште еднаш како што тоа го направи направи во изминатиот период. И покажа дека не е министер на сите граѓани, не е министер на сите општини. Така што за првпат еве оваа година Вевчанскиот карневал доби нула денари поддршка од министерството за култура.

За среќа Општината е тука, градоначалникот и администрацијата кои што со сопствени сили, ова е мала општина знаете вие ограничени ресурси, сепак успева скромно да ја задржи традицијата.

И во име на тоа јас сакам да им честитам бидејќи навистина покажуваат вон сериски напори да се справат со предизвиците кои што не само што ги носат економската и енергетската криза туку и власта во Македонија односно Владата на ДУИ поддржана од СДСМ.

Така што уште еднаш дозволете ми да ги честитам празниците на сите оние кои што ги слават православни христијани нормално Нова година на сите граѓани и да посакам здравје, среќа, успех, многу душевен мир, љубов во оваа година која што следи, која што очекувам да биде година на промени, истакна Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Русија: Го ослободивме Соледар

Следно

Цементарница УСЈЕ: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop