Мицкоски: ОЈО да постапува по пријавите на Арсовска, а градоначалничката да ги пријави заканите во МВР

June 1, 2025
1 min read

Премиерот Хрисијан Мицкоски ги коментираше последните случувања со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако таа во живо се јавува на социјалните мрежи и открива дивоградби, главно во Општина Чаир и се „пресметува“ со градоначалникот Висар Ганиу.

Исто така Арсовска откри дека добивала и закани по живот.

„Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите од градоначалничката Арсовска. Ние не можеме да постапуваме или да не постапуваме, и законот треба да важи за секого. Мене ми е жал ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам истите тие да ги пријави во МВР, а МВР да постапува по истите“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОД СЕКОГО ОД НАС ЗАВИСИ КОЛКУ ЌЕ СЕ ОСВЕСТИМЕ И АКТИВИРАМЕ ЗА ПРОМЕНИ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА АЊА МИТИЌ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА „КАТАТОНИЈА“ ВО МНТ

Следно

Во Полска се одржува втор круг претседателски избори

Latest from Blog

Граѓаните наскоро ќе можат да ги имаат своите лични документи во дигитален облик!

Граѓаните наскоро ќе можат да ги носат своите лични документи – лична карта и возачка дозвола – во дигитален облик преку нова мобилна апликација што ја развива Министерството за дигитална трансформација. Ова

Салиу во 24 анализа: Зад британскиот кредит стојат и премиерот на Велика Британија и премиерот на Македонија

Новинарот Исен Салиу во 24 анализа рече дека зад британскиот кредит стојат и премиерот на Велика Британија но и премиерот Мицкоски. Според него, тоа дава некаква сигурност дека ваквиот договор нема да

СДСМ со вистината за Кочани: И личниот избор на Тошковски, началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Од СДСМ велат дека ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, тогаш мора да му порачаме дека се лаже. Од
Go toTop