Мицкоски: Од власта се поклонуваат пред канцеларии и кодошат по амбасади, јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствено се поклонуваме пред народот

May 29, 2023
1 min read

Премиерот наместо да работи на гаранции за Македонија, оди по амбасади и коленичи и моли да го притискале ВМРО-ДПМНЕ, да правеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да попушти. Наместо да штити државни интереси и да бара гаранции Македонија да не биде понижена, Ковачевски оди и моли да има притисок врз нас за да го прифатиме неприфатливото“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Делчево.

„Секогаш сум бил искрен, и наспроти сите политичари познати од лошото искуство и минато на нашиот народ кои лажеле за состојбите во кои се наоѓаме, секогаш ја кажувам вистината дека да имаме сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и јас, единствено што сме должни е да го слушаме народот на Македонија“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека од власта се поклонуваат пред канцеларии и кодошат по амбасади, тоа најдобро го знаат. По линија на помал отпор за да останат на власт, поисплатливо им е да го губат достоинството и да газат по Македонија.

„Јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, единствено се поклонуваме и го слушаме народот. И никогаш, повторувам никогаш, нема да прифатам да се свитка кичмата на Македонија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се со народот на Македонија и секој еден од нив, секој еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја има мојата поддршка да истрае. Да го слуша народот и да биде на страната на Македонија. Секој еден пратеник, ја има огромната поддршка од граѓаните да истрае во оваа наша битка“, порача Мицкоски.

Мицкоски додаде дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на бугарскиот диктат. Зарем, да се оди наспроти огромното мнозинство. Не е визионерство да се гази по мислењето на народот, туку да се води политика во насока на ставовите и гласот на народот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ го обвини Курти за инцидентот во Звечан и ја повика меѓународната заедница да го „вразуми своето чедо“

Следно

Повредени 25 припадници на КФОР во судирот со српските демонстранти во Звечан 

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop