Мицкоски од Берлин: Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во евроинтеграциите

1 min read

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски за вестите на Македонската телевизија.

– Многу јасно ги презентирав приоритетите на Владата, во делот на економијата, но и на енергетската, патната и железничката инфраструктура. Во делот на евроинтегративните процеси го презентирав ставот на Владата, заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно и да ги покажеме нашите капацитети. Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава, а истовремено ќе работиме со нашите партнери, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски е во Берлин, каде учествува на Самитот на земјите од Берлинскиот процес. Тој имал и средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Следно

„Има уште работа“: Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат

Latest from Blog