Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

December 8, 2024
1 min read

Постојат големи фрустрации и разочарувања кај македонските граѓани од Европската Унија, но тоа останува наша стратешка цел бидејќи подобро во моментов, за нас како држава, не постои, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

На новинарско прашање каде државава ја гледа економската перспектива во новиот глобален свет и во ситуација во која е блокирана за влез во ЕУ, Мицкоски одговори дека „како малобројна држава ќе си го бараме својот интерес“ и дека „нашата стратешка определба е да бидеме посветен член на НАТО Алијансата“ каде што, рече, прилично сме посветени со нашата активна улога.

-Остануваме посветени да работиме, да ги решаваме домашните задачи, реформи, економија – тоа е она на кое оваа Влада останува да биде посветена. Во меѓународната политиката има непишано правило дека големите прават тоа што можат, а малите тоа што мораат. Ќе ги следиме и од блиску, внимателно, и ќе се обидеме да антиципираме следни чекори од развојот на настаните на глобално ниво. Имаме свои конекции и во Вашингтон, и во Брисел, и насекаде онаму каде што е потребно. Добиваме информации, анализираме и повлекуваме потези и сите тие се исклучиво водени од една цел – интересот на македонските граѓани, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

Следно

Сирискиот премиер не знае каде се наоѓа Асад по падот на неговиот режим

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop