Мицкоски: Две нови градинки во општина Аеродром и рекордни 460 милиони денари капитални инвестиции

January 10, 2023
1 min read

Почитувани сограѓани, изминативе 365 дена поминаа турбулентно, но ги исполнивме очекувањата на граѓаните. Покажавме дека сме поразлични во секој поглед и на секој начин, она што го ветивме го реализиравме, а она што сакавме да го постигнеме, го постигнавме. Стагнацијата на најурбаната и најголема скопска општина Аеродром веќе е минато. Сега чекориме забрзано напред повторно да испишуваме стандарди, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски истакна дека се покажа дека можело поинаку, а сега се испишуваат нови стандарди во креирањето на новиот буџет и проекти за идната година каде се дава приоритет на граѓаните и нивните потреби во корелација со ветената програма.

– Преку отворениот повик за проектирање на буџетот исконтактиравме со стотици граѓани кои ги кажаа своите идеи. Во 2023 година ќе реализираме доградба и надградба на две основни училишта, „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“. Образованието е најважна алка во иднината на секоја општина, рече тој.

Муцунски посочи дека дополнително ќе се вложат над 30 милиони денари во улична инфраструктура и решавање на еден од поголемите проблеми изградба и обезбедување на нови паркинг места.

– Особено ми е драго што најдовме заеднички јазик со господинот Мартин кој долго време настојуваше да изградиме парк позади ТЦ Лиса. Се заблагодарувам и се обврзувам дека ќе го реализирам во 2023 година. Ветивме и реализираме, поставуваме стандарди и испишуваме заедничка историја ние и граѓаните. Општината е на граѓаните, тие ја водат, јас сум само нивни извршител и вработен кој го изгласале на избори од оваа канцеларија да работи за нив. Не сме сите исти. Некои работеа за себе, ние работиме за граѓаните, промените се случуваат. Заеднички за промени кои се реалност, истакна Муцунски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека Општина Аеродром изминатава година инвестираше повеќе од 145 милиони денари во проекти кои се важни и крупни за граѓаните, општината и градоначалникот заедно со тимот издејствуваат реализација на сериозни проекти важни за граѓаните, а кои стагнираа.

Тој додаде дека заедничката тимска работа ги носи успесите на општината, ја гради иднината за која се бориме и затоа оваа година општина Аеродром ќе реализира рекордни повеќе од 460 милиони денари во капитални инвестиции кои ќе решат огромен број на проблеми на граѓаните.

– Особено сум задоволен што можам да најавам дека граѓаните на Општина Аеродром ќе добијат и две нови градинки во населбата Лисиче и позади кулите Џевахир, кои ќе го решат проблемот со листата за чекање на деца во градинките. Аеродромци ќе видат самите на дело како со чесна и напорна работа се решааат проблемите кои изгледаат нерешливи. Сложно и одговорно заедно со граѓаните градиме заедничка иднина, промените на дело, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сопругот на исчезнатата Србинка во САД гуглал „како да се ослободиш од мртво тело?“

Следно

Силен земјотрес ја погоди Турција пред само неколку минути

Latest from Blog

ВРЕДИ утре на ифтар кај Курти! Ќе има ли „ВЛЕН 2.0“ со Таравари на чело, или ова ќе биде последната заедничка вечера на лидерите?

Извори на ТВ21 информираат дека лидерите на коалицијата Вреди утре ќе одат на ифтар во Приштина, на покана на премиерот на Косово, Албин Курти. На вечерата се очекува да присуствуваат Арбен Таравари,

Иван Штрпка добитник на „Златен венец“, Матеуш Шимчик на наградата „Мостови на Струга“

Словачкиот поет Иван Штрпка е лауреат на наградата „Златен венец“, додека полскиот поет Матеуш Шимчик е лауреат на наградата „Мостови на Струга“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Иван Штрпка

ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗА 2025 ЗА СЛОВАЧКИОТ ПОЕТ ИВАН ШТРПКА

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2025, соопшти денеска претседателката на Управниот одбор на Фестивалот,  Елизабет Барануаи-Кукунешоска. Таа кажа дека во 1960-тите

Додик за распишаната меѓународна потерница: Продолжува злоупотребата на судството за политички цели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели. -Ништо необично,
Go toTop