Митева: Притисоците кон пратеници од власта имаат контра ефект, резултираат со намалување на рејтингот на СДС

January 22, 2023
1 min read

Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија. Власта е само слеп извршител на нарачки, единствениот начин на кој што владеат е преку притисоци и уцени, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Антивладиното расположение кај народот секој ден се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и самиот Ковачевски. Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Прво ги навредуваа и напаѓаа медиумите, сега со истите методи удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори. Токму пратениците од мнозинството чувствуваат и знаат дека оваа власт треба да се смени. Затоа владата на Ковачевски користи посредници и со нападни методи ја одржува власта. Но, власта треба да знае дека ваквиот начин е обратнопропорционален од нивните намери за зголемување на мнозинството затоа што така само им се намалува рејтингот на СДС. Не далеку од денес ако СДС продолжи со погубните политики сами ќе си го постапуваат прашањето зошто голема е веројатноста да престанат да постојат, вели Митева.

Таа додава дека се поголем број членови на СДС и нивни функционери сфаќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за самата СДС и за Македонија. Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. Нивниот политички крај се ближи, а одговорноста потоа ќе дојде.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел: ЕУ е целосно енергетски независна од Русија

Следно

Рик Рубин: Труп сум на миксета и немам појма од музика

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop