Мисајловски: Припаниците на БСС и ЕБР ја покажува синергијата, квалитетот и професионалноста која владее меѓу припадниците на овие единици (ФОТО)

October 12, 2024
1 min read

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев присуствуваа на методско огледна алпинистичка вежба,, Пребарување, Спасување и Евакуација на повредени во тешко пристапниот дел на Демир Капија’’ која заеднички ја изведуваат припадниците на Баталјонот за специјални сили на Армијата и Единицата за брзо распоредување при МВР во реонот на Демир Капија.

МО

Министерот Мисајловски по денешната вежба истакна дека тимската работа на две елитни единици ја покажува синергијата, квалитетот и професионалноста која владее меѓу припадниците на овие единици, што дополнително значи континуирано подобрување и зајакнување на капацитетите.

МО

-Овие специјални единици треба секој еден во државата да ги почитува, бидејќи секогаш каде и да се случи несреќа или што и да се случува во рамки на безбедноста на државата, секогаш се први и секогаш дејствуваат. Затоа сакам уште еднаш од тука да им се заблагодарам од мое лично име, ни и од името на граѓаните затоа што нивната работа е навистина тешка, рече Мисајловски и додаде дека со цел континуирано развој на единиците на Армијата, потребно е да се вложува максимално. „Ќе вложуваме максимално колку што може во нашите буџети, бидејќи никогаш не треба да се штеди за овие вежби за овие специјални единици, бидејќи се навистина гордост на Македонија“.

МО

Заедничката обука по Воена Алпинистика, се реализира во периодот од 07-14 октомври под менторство на инструкторите за Воена Алпинистика од бСС, и истата опфаќа извежбување и совладување на техники за пребарување, спасување и евакуација на повредени во тешко пристапен терен.

МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО
МО

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Корепер го одобри стартот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ по кластери

Следно

Покачувања на рати, платите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти

Latest from Blog

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани.

Сочувство за трагедијата во Кочани од Спиропали, Венгу, Мета, Бериша

Претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали денеска изрази сочувство за трагедијата во Кочани, наведувајќи дека таа „ е со семејствата кои ги загубија своите најблиски“. „Тажна вест за страшната трагедија во Кочани,

Разговор Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска со генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговарал за пожарот во Кочани, каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Мицкоски и Руте зборувале за можно

Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани

Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за

Турското МНР изрази сочувство за загинатите во пожарот што избувна во Кочани

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот и до народот во земјата, известува Анадолу. Во писменото соопштение на турското МНР, во кое
Go toTop