Мисајловски: Претходната Влада оставила пустош, ние ќе обезбедиме подобар развој и модернизација на АРМ

October 12, 2024
1 min read

Предлог буџетот на Министерството за одбарана кое е доставено до Министерството за финансии е да изнесува 2,4 проценти. Следуваат преговори да видиме дали ќе биде одобрено нашето барање или негде ќе се скрати, информира министрерот за одбрана Владо Мисајловски, кој беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија.

-Она што ние го бараме е согласно превземените доспеаните обврски од претходни договори што се навистина огромни суми, како договорот за хеликоптерите. Но, што е целта во Буџетот и модернизацијата- што повеќе од сумата што ја имате како буџет да ја давате за модернизација и тоа е многу важно и затоа ние планираме и дополнителни средства. Следната година само за ДДВ ние треба да платиме 2 милијарди денари, што е сериозна ставка и тоа мора да се предвидува. Сакаме не само не само сите средства за плати и тоа што е колективен договор да се исплаќа, туку да оди и зголемување на ставката за модернизација, бидејќи тоа го бара и НАТО.

Мисајловски потенцира дека претходната влада оставила пустош.

-Ние сега пробуваме да ги сервисираме сите обврски што се затекнати, но и со дополнителни средства да обезбедиме подобар развој и модернизација во Армијата, но и вложување во човечките ресурси, додава ресорниот министер.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тошковски најави мерки за подобрување на безбедноста: Засилен видео-надзор и полициско присуство

Следно

Алекс Салмонд поранешниот прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop