Мисајловски на ТВ21: Тука кажав дека ќе бидеме блиску до 2/3 мнозинство, сега велам дека убедливо ќе победиме на следните локални избори

November 7, 2024
1 min read

Министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, од студиото на ТВ21 најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие следните локални избори.

-Ако добро се сеќавате токму до ова студио јас најавив дека ќе има убедлива победа на парламентарните избори и дека ќе бидеме блиску до 2/3 мнозинство. Сега од тука повторно кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на следните локални избори, рече Мисајловски.

Тој изјави дека предвремени избори не се потребни, туку работа во четиригодишниот мандат.

Мисајловски меѓудругото говореше и во врска со ресорот со кој раководи, односно во емисијата рече дека со победата на Трамп, очекува Македонија да има поголем буџет во одбраната.

Тој кажа дека при првиот мандат на Трамп како претседател на САД, буџетите во сите земји на НАТО се зголемиле, па така очекува да биде и сега.

-Треба да признаеме дека најголемиот дел на финансии и модернизирање на одбраната на секоја земја членка на НАТО беше при првиот мандат на Трамп. Тога сите земји имаа зголемен буџет во одбраната на 2%. Нашиот буџет е над 2%, но чекувам дека ќе се зголемат овие проценти во одбраната, изјави Мисајловски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рама: Путин ја разбуди ЕУ, унгарското претседателство со Советот на Европа многу силно ги турка нештата за членство

Следно

Ин мемориам: Почина историчарката Наде Проева чија специјалност беше историјата на античките Македонци

Latest from Blog

Претрес во општина Кочани, градоначалникот на слобода! – Тошковски разреши 7 локални полициски началници

Три дена по трагедијата во Кочани, полицијата влезе  во зградата на Општината, при што беа одземени досиеја поврзани со дискотеката „Пулс“, во која загинаа 59 лица, а 196 беа повредени. Но, на

Граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на обезбедувањето што спасувало

Од плоштадот граѓаните на Кочани се префрлија пред судот, бараат ослободување на тие кои спасувале луѓе од пожарот Група на граѓани од плоштадот во Кочани се упати пред Судот, каде што го

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип. Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во
Go toTop