Министерството за здравство во Газа: Израел сака да ја претвори Индонезиската болница во „масовна гробница“

November 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Министерството за здравство на Газа го обвини Израел дека сака да ја претвори Индонезиската болница во „масовна гробница“, јавува Анадолу.

Најмалку 12 лица загинаа во израелското гранатирање на болницата во северниот дел на Појасот Газа денес.

Министерството за внатрешни работи во блокираната енклава, исто така, соопшти дека неколку луѓе биле убиени и повредени во израелскиот напад врз раселените лица кои се обиделе да го напуштат објектот.

„Израелската окупација се обидува да ја претвори болницата во масовна гробница како што направија во комплексот Ал-Шифа во градот Газа“, изјави портпаролот на Mинистерството за здравство, Ашраф ал-Кудра, за Анадолу.

Израелската Aрмија минатата недела изврши упад во Ал-Шифа, најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, како дел од нејзината тековна воена офанзива во блокираната енклава.

Ал-Кудра рече дека индонезиската болница е последната оперативна здравствена установа во северниот дел на Појасот Газа.

„Окупацијата се обидува да ги повтори своите дејства од медицинскиот комплекс Ал-Шифа во индонезиската болница, која е столбот на здравствената услуга во северниот дел на Појасот Газа“, рече портпаролот.

Откако Израел почна да ја бомбардира Газа на 7 октомври по нападот на Хамас, според најновите податоци на палестинските власти, загинаа најмалку 13.000 Палестинци, вклучувајќи над 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 други се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.

Израелската блокада, исто така, го прекина снабдувањето на Газа со гориво, електрична енергија и вода, и ја намали испораката на помош на мал број.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Фантастични суми се два милиона евра за една статуа или еден милион за три врби

Следно

Кривична пријава за тешка телесна повреда и малтретирање во вршење на службата

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop