Министерството за енергетика домаќин на 14. Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој

December 7, 2024
1 min read

По иницијатива на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, следната година во нашата земја ќе се одржи 14-от Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој.

Иницијативата, како што соопшти денеска Министерството за енергетика, потекнала од министерката Сања Божиновска, која се обратила до Економската комисија на Обединетите нации за Европа UNECE .

Ова е огромна чест, но и одговорност за земјата и особено за Министерството за енергетика, кое преку организација на ваков значаен форум земјата ќе се позиционира како регионален лидер во зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна соработка и одржлив енергетски развој. Одлуката беше донесена по завршувањето на 13-от форум којшто се одржа на почетокот на декември, во Бангкок, Тајланд, во организација на пет регионални комисии на Обединетите нации (ECA, ECE, ECLAC, ESCAP и ESCWA). Овогодинешната тема беше „Праведна енергетска транзиција“, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На Форумот ќе земат учество експерти од енергетскиот сектор, владини претставници, ентитети на ОН, меѓународни организации, бизнис заедницата и други засегнати страни кои ќе разговараат за главните прашања, презентирајќи активности за правична енергетска транзиција.

– Енергетската транзиција, во контекст на Агендата 2030 за одржлив развој, е клучната трансформација потребна за постигнување на многу од Целите за одржлив развој. Имајќи предвид дека енергетскиот сектор е одговорен за повеќе од две третини од емисиите на стакленички гасови, одржливата енергетска транзиција е од клучно значење за постигнување на Парискиот договор. Потребни се заеднички напори од сите нивоа на засегнати страни за да се забрза енергетската транзиција за да се овозможи постигнување на целите поврзани со ова прашање. Како основа за следниот форум ќе се користат и препораките на Конференцијата за климатски промени COP29 која се одржа во Баку, информира Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое ќе го организира настанот со УНДП, а во координација со соодветните регионални агенции на Обединетите нации. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Поради магла намалена видливост до 20 метри на патот Тетово-Попова Шапка

Следно

Вее снег на планинскиот превој Ѓавато – магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop