Министерот Салиу на средба со заменик-амбасадорот на Австрија: Заеднички иницијативи за образование, култура и интеграција на Ромите

September 18, 2025
1 min read

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030,  Шабан Салиу остварил средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.

Соговорниците размениле мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинирале можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.

– Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет, истакнал министерот Салиу.

Од Кабинетот на министерот информираат дека на средбата била нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности коишто ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тони Коњановски продолжува со средби со граѓаните во Битола

Следно

РЕЦЕПТ за рум бомбици кои се топат во уста

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Заеднички кон почисти и пофункционални градови

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конференција посветена на одржливото урбано мобилно планирање, на покана на министерот за транспорт, Александар Николовски. Ѓорѓиевски истакна дека

Божиновска и ЕВН разговараа за заштита на потрошувачите и енергетски предизвици

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН, Александра Витман, и Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер. Средбата беше

Словенија има понуда за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко

 Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку помалку поволен за Хрватска од сегашниот начин на управување со нуклеарната централа,

Катастрофа во Индија: Се урнаа згради, 12 лица исчезнаа по обилните дождови

Најмалку 12 лица се водат како исчезнати откако згради се урнале поради силни врнежи од дожд во градот Чамоли, во индиската сојузна држава Утараканд, соопштија денеска локалните власти. Главниот министер на Утараканд,
Go toTop