Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

February 24, 2023
1 min read

Според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето, вели вицепремиерот за економски прашања

Фото: МИА

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори“,

рече денеска Битиќи.

На почетокот на месецот и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на минималната плата во приватниот и јавниот сектор.

Бектеши рече дека минималецот најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година.

Дополнително на тоа, како што најави Бектеши, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.

Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИНСТАТ: Во јануари за 94 отсто зголемен бројот на странските туристи во Албанија

Следно

Русија и Украина го поздравија мировниот план на Кина

Latest from Blog

(Видео) ПАДНА РЕКОРДОТ ОД 2014 ГОДИНА – Обилни врнежи го парализираа југот на Франција

Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта го погодија францускиот регион Прованса-Алпи-Азурна Обала, а особено департманите Вар и Приморски Алпи, кои се ставени под портокалово предупредување поради ризик од поплави и

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет
Go toTop