ИНСТАТ: Во јануари за 94 отсто зголемен бројот на странските туристи во Албанија

February 24, 2023
1 min read

Во јануари годинава Албанија ја посетиле 377 илјади странски државјани, што е зголемување за 94 отсто споредено со истиот месец минатата година, што се оценува како добар предзнак за успешна година во туристичкиот сектор во земјата.

– Од вкупната бројка околу 95 отсто од странските гости, се од Европа, поточно најголемиот број од нив се од Јужна Европа, која вклучува земји како Италија, Грција, Косово, Шпанија, Португалија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Северна Македонија, потврдуваат податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ.

По нив, по бројност доаѓаат посетителите од Западна Европа, која ги опфаќа „најразвиените земји на континентот, како Франција и Германија, а потоа и Централна Европа, а во рангирањето водат Полјаците”.

– Од Америка дошле 7.000 посетители, додека во јануари двојно поголем е бројот на туристите од земјите од Источна Азија и Пацификот. Причина за посетата на странците е од лична природа или за одмор, помал е процентот на оние кои доаѓаат од деловни и професионални причини, наведува ИНСТАТ.

Според статистиката во јануари за влез во земјата се регистрирани и над 800 илјади албански државјани.

Минатиот месец, за 45,8 отсто, споредено со јануари 2022 година, е зголемен и бројот на албанските граѓани (544 илјади) кои патувале во странство, главно за одмор во зимски центри. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петкова: За каква чесност зборува Ковачевски кога сме на 85 место по корупција? Измените во влада се за да ги спасат тендерите!

Следно

Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop