Милитао издвои двајца играчи на Ливерпул и порача: Не сакаме изненадување во Мадрид

March 13, 2023
1 min read

Оваа седминца ќе ги добиеме и преостанатите патници во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а еден од дуелите кој предизвикува најголемо внимание е оној меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

„Кралевите“ остварија фантастичен резултат на „Енфилд Роуд“ и дојдоа до победа од 5-2 иако губеа со 2-0 на овој меч. Предноста од три гола е голема, но мора да се одработи задачата на „Сантијаго Бернабеу“ и затоа во таборот на Реал се многу внимателни пред натпреварот закажан за в среда од 21 часот.

-Таа вечер во Ливерпул беше една од најзначајните во мојот спортски живот. Беше уникатен момент за мене, победивме 5:2 и постигнав гол. Сепак, Ливерпул има добар тим, не сакаме да има изненадување во Мадрид, -рече дефанзивецот Едер Милитао кој издвои две имиња од премииерлигашот.

-Мохамед Салах е во форма, секогаш опасен и е многу мотивиран против нас. Роберто Фирмино повторно постигнува голови, така што не е ништо завршено додека не заврши натпреварот, -подвлече Бразилецот.

фото: https://twitter.com/CBSSportsGolazo

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Следно

Нов мега-парк во Чаир 13.3.2023

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop