Милатовиќ по состанокот со Ердоган: Исклучително ја цениме конструктивната улога што Туркије ја има на Балканот

December 2, 2024
1 min read

САРАЕВО (АА) – Туркије е важен НАТО-сојузник и партнер на Црна Гора. Ние исклучително ја цениме конструктивната улога што Туркије ја игра на Балканот и придонесот што таа го дава за стабилноста и просперитетот на целиот наш регион, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во Анкара, јавува Анадолу.

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, кој е во официјална посета на Анкара. Во Претседателската палата во Анкара се одржа свечен прием со највисоки воени почести и интонирање на националните химни.

По средбата, на прес-конференцијата тој изрази задоволство што денес е во Анкара, наведувајќи дека тоа што двете земји годинава слават 145 години дипломатски односи носи посебна симболика, кои ги оцени како односи меѓу две пријателски земји.

Суштинската соработка во доменот на одбраната и воената индустрија дополнително ќе се зајакне со отворањето на канцеларијата на военото аташе на Туркије во Црна Гора.

Говорејќи за квалитетната економска соработка што има потенцијал за натамошен развој, Милатовиќ, меѓу другото, нагласи дека од година во година се зголемува бројот на туристи од Туркије што ја посетуваат Црна Гора.

„Туркије е еден од најважните стратегиски и економски партнери на Црна Гора“, рече Милатовиќ, додавајќи дека сака да охрабри поголеми инвестиции, особено на северот на Црна Гора, каде што рече дека постојат огромни потенцијали.

Како што истакна, со Ердоган разговарале за зајакнување на соработката во областа на здравството, сообраќајот и образованието, а изрази и надеж дека следната година ќе потпишат договор за стратегиско партнерство.

Тој истакна дека црногорската иселеничка заедница претставува важна алка меѓу двете земји.

„Верувам дека до 2028 година Црна Гора ќе стане 28 земја членка на Европската Унија“, рече Милатовиќ и додаде дека е уверен оти и пред и по постигнувањето на оваа цел, Црна Гора и Туркије ќе продолжат да градат односи засновани врз заемна почит, доверба и заедништво, придонесувајќи за стабилноста, мирот и развојот не само на двете земји туку и на целиот регион.

Тој го покани турскиот претседател Ердоган во официјална посета на Црна Гора.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Експерт на ОН изрази загриженост поради неуспехот да се заштитат жртвите на трговија со луѓе на грчкиот остров Самос

Следно

Мисајловски за инцидентите со македонското знаме: Стеснат е обарчот за некои луѓе и не се чуствуваат комфорно

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop