Мицотакис: Сите сме виновни, не треба да се скриеме зад човечка грешка

March 9, 2023
1 min read

Ја преземаме одговорноста и не можеме, не сакаме и не треба да се криеме зад низа човечки грешки, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница кој на дневен ред, единствено ја имаше железничката несреќа со 57 загинати, објави новинската агенција АНА-МПА.

Мицотакис уште еднаш упатил извинување и во негово име и во име на претходните Влади, истакнал дека во моментов последното што го интересира е да влезе во конфронтација за тоа кој е виновен.

-Одговарам: Сите сме виновни и храбро да го признаеме тоа, рекол грчкиот премиер, наведувајќи дека вина имаат и претходните влади и управителите на железницата поради доцнењата во завршувањето на проектите, но и додал дека сепак трагедијата се случи во време кога тие ја водат земјата.

Посочил дека правдата ќе одлучи за тоа кој е одговорен за несреќата со „апсолутна транспарентност во истрагата, за да се утврдат грешките и праведно да се судат инволвираните“ и најавил и покренување директни иницијативи за подобрување на „проблематичната состојба на железниците, во однос на технологијата и управувањето со човечките ресурси“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Битиќи: Добро е што успеавме да издаде еврообврзница од 500 милиони по пониска цена од другите

Следно

Потребни ли му се на Скопје пунктови за рентање на велосипеди и тротинети?

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop