Мицкоски со контрапредлог до власта: Ајде на избори во мај, не мора 100 дена техничка влада

February 25, 2023
2 mins read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека пратениците од неговата партија нема да гласаат за уставни измени затоа што не ветиле такво нешто на изборите туку ветиле проекти, поквалитетни здравство, инфраструктура итн.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска понуди предвремени парламентарни избори во мај за кои, вели, претходно не мора да има техничка влада 100 дена.

Оваа понуда е контрапредлог на првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ предложи на опозициската партија да ги изгласаат уставните измени и веднаш да одат на избори.

„Факт е дека Македонија има проблем, факт е дека тој проблем владата на ДУИ поддржана од СДСМ го донесе, а потврда на тој факт е дека условно кажано најпроевропската влада во Македонија има најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ. Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме – да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија. Во спротивно само ја продолжуваат агонијата, Македонија ќе тоне и да тие ќе бидат побогати, но за жал еден ден тоа богатство од глава ќе им се удри“,

изјави денеска Мицкоски од Велес.

Груби, пак, понудата ја даде во четвртокот во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

„Бујрум, нека влезат, нека гласаат за уставни измени и одиме на избори. Еве ова нека биде компромис на средина. Нека се охрабрат, нека направат таква одлука и да видиме. Нека излезат на избори да видиме дали ќе победат, дали ќе владеат“,

рече Груби.

Уставните измени треба да овозможат вметнување на Бугарите и други народи во Преамбулата од Уставот, што пак, е услов за понатамошно продолжување на преговорите со ЕУ.

Мицкоски, пак, денеска рече дека неговата партија има принципиелен став и повтори дека ВМРО-ДПМНЕ не учествувала во преговорите за францускиот предлог и оти неговите пратеници нема да гласаат за такво нешто.

„Ги предупредивме, не преземајте обврска којашто нема да ја исполните, но тие и покрај тоа ја втурнаа Македонија во една голема неизвесност и авантура прифаќајќи ја преговарачката рамка каде што билатералниот договор со соседна Бугарија е дел и тоа е единствен таков случај во историјата на ЕУ, мислејќи дека ќе се повторат некои минати искуства и дека на тој начин ќе добијат некои политички поени. Ги предупредивме дека нема да се повтори. Осум месеци потоа не убедуваа на отворена сцена, имале – немале, а гледаме дека немаат доволен број пратеници и нема да имаат, затоа што овие пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не излегоа на избори да ветуваат дека ќе преговараат дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, не ветуваа на избори дали Илинденското востание е македонско Илинденско или бугарско Преображенско. Овие луѓе ветуваа проекти, ветуваа поквалитетно образование, поквалитетно здравство, поквалитетна инфраструктура итн. Ние сакаме да покажеме дека не сме исти, дека стоиме до дадениот збор и тоа беше нашиот даден збор и оттука нема ни милиметар да се поместиме“,

рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЅВЕЗДИТЕ НА БЕРЛИНАЛЕ ИЗЛЕГОА СО ТРАНСПАРЕНТИ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

Следно

Костадинов од СДСМ маскиран во Тито, во друштво на “Хитлер“ позираше со нацистичко знаме

Latest from Blog

Готово е: Сака во Арсенал до 2031!

ФОТО: Arsenal/FB Готово е, се чека само на промоцијата. Имено она што беше најавувано во претходните месеци, теренот се подготвуваше и конечно сè е завршено, и треба да се официјализира. А тоа

Општина Битола и екипите на „Водовод“ работат на санација на подрачјата погодени од дожд

Во координација со граѓаните, екипите на ЈКП „Водовод“ од Битола интензивно работат на терен за санација на подрачјата погодени од поплави. Активностите се насочени кон село Логоварди, населбата Буковски ливади и улицата

ВИДЕО: Приведени сопствениците на барот во Швајцарија во кој загинаа 40 лица

Сопствениците на швајцарски ски-бар во Кранс-Монтана, кој беше зафатен од смртоносен пожар, сопругот и сопругата Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика (40), денес пристигнаа на сослушување во канцеларијата на државниот обвинител.

Божиновска: 2025 беше година на ред, реформи и стабилност во енергетиката

Во текот на 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот
Go toTop