Месина за Димитријевиќ: Заслужи да биде МВП

September 23, 2024
1 min read

Македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ кој дојде од редовите на Уникс успеа да освои МВП признание уште на првиот натпреварувачки турнир на кој настапи со својот нов клуб, а тренерот Еторе Месина по мечот со свое видување за настапит на нашиот репрезентативец.

– Мислам дека двете сезони поминати во Казањ и соработката која ја имаше со одличен тренер како Перасовиќ, го направија позрел играч. Заслужено му припадна МВП признанието, но според мене, тој може да игра уште подобро откако ќе се адаптира и повеќе ќе ги користи соиграчите на теренот.
 Кога ги ангажиравме него и Леандро (Болмаро) јасно им посочив на двајцата дека ќе треба да се надополнуваат, односно планирам да играат двајцата во исто време, а така беше на овие два натпревара, – изјави Месина.

Димитријевиќ беше најефикасен со 14 поени во полуфиналето, додека во финалето против Виртус Болоња, со поголема минутажа реализираше 16 поени, заедно со 6 асистенции и 5 скокови, статистика со која ја заслужи и МВП наградата.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелски воени авиони извршија над 80 воздушни напади врз јужен и источен Либан

Следно

Ердоган: Врските меѓу Туркије и Србија продолжуваат да се зајакнуваат на секое поле

Latest from Blog

Туркије, по 12 години, повторно го отвори својот Генерален конзулат во сириски Алепо

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес повторно го отвори својот Генерален конзулат во Алепо, Сирија, кој ја прекина работата во 2012 година поради граѓанската војна во Сирија, јавува Анадолу. На отворањето на Генералниот

Хамилтон во базата на Ферари: Многу сум среќен што денес го исполнувам мојот сон

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон денеска ја објави својата прва фотографија од базата на Ферари во Маранело. Британецот е во костум, пред легендарниот модел на Скудерија Ф40 и пред

Палестинците во Газа наидоа на масовни разурнувања при враќањето во своите домови

ГАЗА (АА) – Меѓу урнатините и остатоците од разрушените згради, Палестинците во Џабалија се враќаат во своите домови по прогласувањето на примирјето и договорот за размена на заложници и затвореници меѓу Хамас
Go toTop