Меси по прогласувањето за најдобар играч: Заслугата е на цел тим за тоа што го направивме во Катар

February 28, 2023
1 min read

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ја коментираше наградата за најдобар играч на годината во изборот на ФИФА.

– Да се ​​биде на овој настан и да се добие награда е чест за мене. Сакам да ги пофалам Бензема и Мбапе за прекрасната година. Благодарен сум на моите партнери. Скалони и Емилијано се исто така овде денес и го претставуваме целиот тим. Оваа награда оди за целиот тим за она што го направивме во Катар. Беше луда година, успеав да си го исполнам сонот после толку години борба за него, толку години стремеж кон него. Секој фудбалер сонува за ова, но ретко кој успева да го постигне тоа. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на сите Аргентинци за начинот на кој го поминаа тој посебен месец, кој засекогаш ќе остане во нашето сеќавање. Испраќам бакнеж до моите деца кои сега ја гледаат оваа церемонија. Време е за спиење, изјави Меси.

На листата на топ 3 номинирани за оваа награда беа и Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција) и Карим Бензема (Реал Мадрид, Франција).

Триесет и петгодишниот Меси и помогна на Аргентина да ги освои златните медали на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар. На седум натпревари на светското првенство напаѓачот постигна седум гола и три асистенции.

Свеченото доделување на наградите „The Best“ од ФИФА се одржа ноќеска во Париз.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со огнено оружје среде Карпош е убиенo маалското куче Тоби

Следно

Изречени 202 казни за возачите: Низ Скопје се вози брзо и без возачка дозвола

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop