МЕРМС: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025

December 7, 2024
1 min read

По иницијатива на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во 2025 година во нашата земја ќе се одржи 14-от Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој.

Иницијативата потекна од Министерката за енергетика, Сања Божиновска, која се обрати до UNECE (Економската комисија на Обединетите нации за Европа). Ова е огромна чест, но и одговорност за земјата и особено за Минстерството за енергетика, кое преку организација на ваков значаен форум земјата ќе се позиционира како регионален лидер во зелената транзиција, покажувајќи ја својата посветеност на меѓународна соработка и одржлив енергетски развој.

Одлуката беше донесена по завршувањето на 13-от форум којшто се одржа на почетокот на декември, во Бангкок, Тајланд, во организација на пет регионални комисии на Обединетите нации (ECA, ECE, ECLAC, ESCAP и ESCWA). Овогодинешната тема беше „Праведна енергетска транзиција“.
На Форумот ќе земат учество експерти од енергетскиот сектор, владини претставници, ентитети на ОН, меѓународни организации, бизнис заедницата и други засегнати страни кои ќе разговараат за главните прашања, презентирајќи активности за правична енергетска транзиција.

Енергетската транзиција, во контекст на Агендата 2030 за одржлив развој, е клучната трансформација потребна за постигнување на многу од Целите за одржлив развој. Имајќи предвид дека енергетскиот сектор е одговорен за повеќе од две третини од емисиите на стакленички гасови, одржливата енергетска транзиција е од клучно значење за постигнување на Парискиот договор.

Потребни се заеднички напори од сите нивоа на засегнати страни за да се забрза енергетската транзиција за да се овозможи постигнување на целите поврзани со ова прашање. Како основа за следниот форум ќе се користат и препораките на Конференцијата за климатски промени COP29 која се одржа во Баку.

Mинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе го организира настанот со УНДП, а во координација со соодветните регионални агенции на Обединетите нации.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Иран разговараа за Сирија во Доха

Следно

Ристески: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop