Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН

March 9, 2026
1 min read

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, денеска го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси. Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, смета дека политиките кои во иднина ќе ги градиме треба да бидат политики за демократизација на Бугарија која треба да ги почитува правата на македонското малцинство во целост.

-Образложение нема и она што е апсурдно бидејќи Македонија и Бугарија се членки на НАТО и ако јас сум ја загрозил националната безбедност на Бугарија по аналогија сум ја загрозил и нашата национална безбедност бидејќи сме сојузници. Претпоставувам дека нема официјален допис ниту до македонските власти ниту до кој било дека сум ставен на црната листа на Бугарија, изјави Менкиноски во Тема на денот на Сител ТВ.

Адвокатот изјави дека добил телефонски повик од премиерот, дека имал комуникација и со министерот за надворешни работи и со претседателот на Адвокатската комора. Менкиноски рече дека бил искомунициран и од претседателот на француската Адвокатска комора за застапување, од нивниот Оддел за застапување и од Израелска адвокатска куќа кои сакаат овој процес да го изведат пред меѓународните институции.

-Овде не е само Совет на Европа, овде се во прашање и тела на Обединети нации кои се грижат и имаат фокус на адвокатите и судиите и дали врз нив се врши притисок и заплашување. Причината е што сега мислам дека е почетокот на мај Комитетот на министри, 46 членки на Советот на Европа ќе расправаат во врска со непочитувањето или неимплементирањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Бугарија. Бугарија е во паника бидејќи може да се донесе одлука за исклучување на Бугарија од Совет на Европа поради непочитување на столбот, на главниот столб, а тоа е Судот (ЕСЧП) во Стразбур, рече адвокатот Менкиноски.

Според него, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, а информирани се и Хјуман рајс воч и Амнести интернешнл. Менкиноски очекува силна реакција од ОН. Тој денеска се обратил исто така и до сите адвокатско конзуларни претставништва во Македонија.

– Како адвокат ми се оспорува слободата на движење и правото за правична постапка, рече тој.

Адвокатот Менкиноски рече дека го очекувал овој чекор и упати јавен апел до претседателката да ги одликува со орден за храброст претставниците на ОМО Илинден Пирин.

– Зад овие 17 пресуди се луѓе кои никогаш не се поколебале во својот македонски идентитет и никогаш не ја смениле својата самосвест, рече Менкиноски.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приротехниката која го запали „Пулс“ била купена од Бит-пазар

Следно

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.
Go toTop