Меѓувладина седница Косово-Македонија: Потпишан протокол за граници, меморандуми за енергетика и образование

1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски беше пречекан со државни почести од неговиот колега Албин Курти.

По ракувањето и заедничката фотографија, ја започнаа заедничката меѓувладина седница на која двајцата премиери се обврзаа да достигнат над половина милијарда евра комерцијална размена меѓу двете земји.
Потоа министрите потпишаа протокол и два меморандуми.

Протоколот за граничните премини Блаце-Елез Хан и Глобочица-Јажинце, според моделот „One stop shop“, каде проверките ќе се вршат само на влезовите на двете држави за да се олесни слободното движење и да се зголеми размената на полициски информации за да се создаде меѓудржавна безбедност.

Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека ќе се подобри патната инфраструктура што ги поврзува граѓаните на двете земји, со што ќе се зголеми трговската размена за 175%. Минатата година имаше комерцијална размена меѓу Косово и РСМ вредна 423 милиони евра. Главно извозот и увозот се однесуваат на лесната индустрија, храната и текстилот. Курти рече дека од косовска страна е започната изградбата на патот Призрен-Тетово, додека проектот за тунелот се очекува да биде завршен наскоро, но без да се прецизира датум.

-Што се однесува до тунелот, проектот се очекува да започне наскоро, договорите се одобрени, буџетот е одвоен и изградбата на патот е започната од косовска страна, додека проектот и дизајнот ќе ги работи македонска страна. Ние сме заинтересирани да се одиме што е можно побрзо и што е можно подобро, изјави премиерот на Косово, Албин Курти.

Меморандумот потпишан во енергетскиот сектор се очекува да го зголеми снабдувањето со електрична енергија од двете страни, како и со обновливите извори на енергија да ја продлабочи соработката на компаниите на двете држави.

Во фокусот на меморандумот се и размената на јаглен и природен гас. Според премиерот Мицкоски, доколку заедно се пристапи трети пазари, ќе има поголем принос и подобрување на транспортните и енергетските врски, размената на енергија и гас. Двете земји немаат излез на море, но географската положба е поволна за поврзување на двата коридори 8 и 10, рече тој.

Потпишан е и втор меморандум за соработка во областа на образованието. Оваа средба има и симболично значење поради 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Досега меѓу двете земји се потпишани над 50 договори и меморандуми.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Курти: Со гранични премини на Блаце и Јажинце ќе се олеснув трговијата и протокот на граѓани меѓу Македонија и Косово

Следно

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Latest from Blog