Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел итно да ја запре офанзивата во Рафа

1 min read

ЛОНДОН/ЖЕНЕВА (АА) – Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што ги испрати своите сили на 6 мај, јавува Анадолу.

„Израел мора веднаш да ја запре својата воена офанзива или која било друга акција во Рафа што може да им нанесе на Палестинците во Газа услови на живот што би можеле да доведат до нејзино целосно или делумно физичко уништување“, рече судијата Наваф Салам, претседател на МСП, читајќи ја наредбата за дополнителните привремени мерки побарани од Јужноафриканската Република во случајот против Израел за геноцид.

МСП истакна дека модифицирањето на наредбата од 28 март е во рамки на промената на околностите поради офанзивата во Рафа, каде раселените Палестинци се засолнија од војната што започна во октомври. Според агенциите на Обединетите нации, оттогаш градот, поради копнената офанзива, го напуштиле повеќе од 800.000 Палестинци.

Во пресудата се вели дека Израел не „одговори во доволна мера и не ја отстрани“ загриженоста предизвикана од неговата воена операција во Рафа.

МСП, исто така, го повика Израел да го задржи граничниот премин Рафа отворен за непречен пристап на основните услуги и хуманитарната помош во Газа.

Судот му наложи на Тел Авив да поднесе извештај за преземените мерки во рок од еден месец од издавањето на пресудата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

САД и ЕУ започнаа заеднички механизам за зајакнување на интегритетот на информациите во Западен Балкан

Следно

Ердоган: Светот треба заедно да создаде побалансиран, поправеден, поинклузивен систем

Latest from Blog