Меѓународна научна конференција „Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој“

June 3, 2025
1 min read

Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје  денеска ќе се одржи меѓународна научна конференција „Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој“, во рамки на одбележувањето на 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет. 

Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe ве поканува да присуствувате и известувате од меѓународна научна конференција за безбедност чие свечено отворање е на 03.06.2025 година (Вторник) во 10.00 часот 

– Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје прославува полувековен пресвртница од основањето како најстара високо образован институција од безбедноста и одбраната со одржување на меѓународна научна конференција од 2 до 4 јуни 2025 година на која ќе се нагласи важноста на научното истражување и конструктивниот дијалог во сè посложена политичка опкружување, се наведува во соопштението од Филозофскиот факултет.

Како што е најавено, конференција ќе ја отворат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје Билјана Ангелова, претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и деканот на Филозофскиот факултет-Скопје Оливер Бакрески.

Конференцијата по повод 50 годишниот јубилеј од Институтот за безбедност, одбрана и мир е посветена на истражување на безбедносните и одбранбените стратегии како критичен фактор за одржлив мир и национален развој, како и на природата на конфликтот и потенцијалните моменти за подобрена соработка по прашања од заеднички и стратешки интерес за успешно справување со заканите од 21 век.

Конференцијата, се додава во соопштението, обезбедува форум за размена на академско знаење и емпириски наоди за новите механизми и предизвици за безбедноста (индивидуална, општествена, регионална и глобална), разбирање на трансформираниот безбедносен пејзаж и променливата природа на конфликтот, како и дебата за неодамнешните конфликти кои открија погрешна перцепција за начинот на кој креаторите на одбранбените политики ги гледаат тековните стратегии за одвраќање и дали овие засегнати страни треба итно да ги преиспитаат своите процеси.

Конференцијата е собир на научници не само од различните земји, туку и од различни академски области. Меѓу широкиот список на теми што ќе се дискутираат се: Регионална и глобална безбедносна динамика; Стратешки компас за безбедност и одбрана; Нови интерфејси помеѓу безбедноста и развојот; Стратегијата на ЕУ во справувањето со несигурностите и конфликтите; Државни и недржавни актери во односите на моќ во 21 век; Создавање отпорна национална инфраструктура; Преиспитување на карактерот на конфликтот; Процеси на националната безбедносна стратегија: минато, сегашност и иднина; Стратегии за справување со нетрадиционалните безбедносни закани во управувањето со одбраната; Образование за мир и безбедност/култура на мирот.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џеко може да се врати во Италија

Следно

Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава

Latest from Blog

ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување на евро

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат

Захарова: Веруваме дека Србија е целосно свесна за ризикот од снабдување на Киев со муниција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот

Ристески во Отворено: Нема опасност од намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5%

Претседателот на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија, Марјан Ристески во Отворено рече дека предлогот за намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% не е опасен. Според него,

Арсенал се разделува со 20 играчи

Вицешампионот на Англија, Арсенал, објави список од 20 играчи со кои се разделува. Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи
Go toTop