Медведев: Ако Киев се обиде да го врати Крим, Русија е подготвена да го употреби апсолутно секое оружје

March 24, 2023
1 min read

Заканите на поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф на советот за безбедност, кои, како што наведува Гардијан, очигледно се однесуваат и на употреба на нуклеарно оружје, доаѓаат по најавената контраофанзива на украинските сили

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф на советот за безбедност, Дмитри Медведев денеска изјавил дека Москва се подготвува за украинската контраофанзива, по тврдењата на Киев дека руските сили губат замав на фронтот, пишува Гардијан.

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф на советот за безбедност, Дмитри Медведев/Фото: Архива

„Тие (украинскките сили) се подготвуваат за офанзива, сите го знаат тоа. Нашиот генералштаб врши проценки и подготвува свои решенија“,

рекол Медведев во интервју за руските медиуми.

Заменик шефот на моќниот совет за безбедност на рускиот претседател, Владимир Путин, рекол дека Москва е подготвена да го „употреби апсолутно секое оружје“, доколку Украина се обиде да го врати полуостровот Крим што Русија го анектираше во 2014 година.

Последната очигледна закана на Медведев за употреба на нуклеарно оружје, како што наведува британскиот весник, доаѓа во време на се позачестените информации кои се толкуваат како признание од страна на Москва дека нејзините сили наскоро може да се најдат во дефанзива во Украина.

Инаку, најавата за контранападот на укранските сили дојде од командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски, според кого на членовите на руската паравоена група „Вагнер“, кои биле на фронтот заедно со руските сили во Украина, „им недостасува сила“.

Во видео-интервју објавено на неговите канали на социјалните мрежи во четвртокот, шефот на групата „Вагнер“, Пригожин, предупредил дека Украина планира да ја опколи паравоената единица во Бахмут и да се пробие напред кон Црното Море во делумно окупираниот регион Запорожје.

Тој тврди дека Украина концентрирала повеќе од 80 000 војници околу градот.

Додека стигнуваат ваквите најави, цел на руските воздушни напади изминатата ноќ беше североисточниот регион Суми.

 Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинското претседателство, денеска на Твитер објави видео, од како што вели, последиците од рускиот воздушен напад на градот Билопилија, во регионот Суми.

Според регионалната воена администрација, во нападите загинале две лица, а десет се повредени во, како што се наведува, масовното гранатирање на регионот.

Меѓу загинатите за време на гранатирање на градот Билопилија е и 37-годишен висок полициски поручник, соопштиле официјални лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ќерка ми се тресеше од страв и врескаше: Мајката раскажа што се случило со дефектологот во Скопје

Следно

Сунак и Нетанјаху разговараа за судските реформи во Израел

Latest from Blog

Фото: Семејството и пријателите се збогуваат со Џорџо Армани: Ќе биде погребан покрај родителите и постариот брат

Славниот Армани почина минатата недела на 91-годишна возраст, а неговиот погреб се одржа во семејната капела во Ривалта, во близина на Пјаченца, родниот град на големиот Армани. Според желбите на Џорџо Аермани, неговото тело ќе

Александар ја донел жената и ќерката од породилиште и веднаш забележал дека бебето не личи на нив – ДНК тестот му донел кошмар

Семејството Кардинале брзо забележало дека нивната ќерка не личи ниту на таткото, ниту на мајката. Станале сомнителни, но не можеле ни да сонуваат каква болна реалност ќе покажат резултатите. Многу солзи, многу

Гатузо: Ова е најлудиот меч откако сум тренер

Репрезентацијата на Италија синоќа на неверојатен начин успеа да слави на гости кај Израел во рамките од Мундијалските квалификации со конечен резултат од 4:5. Голеадата доживеа „врв“ во последните десетина минути од

Тарт со модри сливи

Овој домашен тарт со модри сливи е едноставен, но богат со вкус и арома. Класична комбинација на нежно тесто и карамелизирано овошје, зачинета со цимет и ванила. Одличен избор за попладневно кафе
Go toTop