Меџити: Благодарност до жителите на Топана за соработката и трпението

October 22, 2025
1 min read

Избраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е успешно завршена реконструкцијата на улицата „Банатска“ во населбата Топана – проект што значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите од овој дел на општината.

„Со успех ја заокруживме реконструкцијата на улицата ‘Банатска’ во Топана, инвестиција што носи видлива промена за граѓаните. Во краток рок изградивме нова улица со современ асфалт, зајакната подлога и напреден систем за одводнување, што гарантира долготрајност, безбедност и поголема удобност за сите,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ дека Чаир се движи напред со конкретни проекти што го унапредуваат секое маало и секоја улица.

„Им благодарам на екипите за професионалноста и на жителите за соработката. Честитки за новата улица и за Топаната што добива нов, модерен изглед,“ порача Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ЕП усвои резолуција за Србија

Следно

Дојче Веле: Каде е Али Ахмети?

Latest from Blog

Генерален секретар на ОН: Глобалното затоплување ја турка Земјата кон пропаст

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во средата предупреди дека глобалното затоплување ја турка Земјата во уште поголема опасност и ги повика земјите да воспостават системи за предупредување од катастрофи за

Бојковска: Градот Скопје не ги извршува надлежностите коишто ги има, извршен е инспекциски надзор над Комунална хигиена

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам.
Go toTop