Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.
Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот.
Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.
„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.
ИЗВОР: kurir.mk