Масовна гробница откриена во дворот на болницата Ал Шифа во Газа

1 min read

ГАЗА (АА) – Во дворот на болницата Ал Шифа во Газа, која Израел во текот на интензивните повеќемесечни напади ја претвори во урнатини, убивајќи стотици луѓе, откриена е масовна гробница, известува Анадолу.

Здравствени извори потврдија за АА дека ексхумираните тела од масовната гробница, всушност, се луѓето што израелските војници ги убиле во кругот на болницата и ги закопале во дворот на оваа институција.

Истиот извор наведе дека вчера, во утринските часови, се ексхумирани тела на 10 лица.

На повеќе локации во дворот на комплексот на болницата се откриени комплетни, парцијални, запалени или тела во фаза на распаѓање, во единечни или масовни гробници.

Неименувани извори наведуваат дека во оваа фаза не е можно да се утврди бројот на тела што се пронајдени или би можело да се пронајдат во кругот на болницата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

Следно

Конференција за проширување во Брисел: Проширувањето на ЕУ е геополитички императив

Latest from Blog