МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Студентите и средношколците утре го искажуваат револтот на улица, обвинуваат дека институциите немаат слух за нивните барања!

March 16, 2023
1 min read

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски Отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците.

-Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите, велат тие.

Студентите преку соопштение ги искажаа своите барања. Истите ги пренесуваме во продолжение:

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

– Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
– Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
– Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
– Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
– Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
– Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
– Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
– Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

„Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините!

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.

Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето“ – порачаа студентите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи

Следно

Антикорупциска акција во Албанија: Уапсен градоначалникот од партијата на Рама

Latest from Blog

Не се препознава актерот на црвениот тепих, кој е еден од фаворитите да биде следниот Џејмс Бонд (ФОТО)

Голем број познати личности прошетаа по црвениот тепих. Меѓу нив беше и Арон Тејлор-Џонсон, кој е еден од главните фаворити за да стане новиот Џејмс Бонд. Актерот изгледаше сосема непрепознатливо. Имаше долга

Шеста година по ред „Среќно прваче“ – Халкбанк им подари Буквар за финансиска писменост на првачињата

Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја

Наместо депонија – зелена оаза: Ѓорѓиевски најави парк од 300.000 m²

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со колегите Бобан Стефковски и Дејан Митески ја посетија депонијата Вардариште, која со децении претставува еколошки проблем и
Go toTop