Маринакис: Се одложува третиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос од грчкото кошаркарско првенство

June 2, 2025
1 min read

Третиот натпревар од финалето меѓу Олимпијакос и Панатинаикос во грчкото кошаркарско првенство закажан за в среда одложен е поради вчерашните инциденти, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис и паралелно информираше дека сопствениците на двата тима пред надлежниот министер за спорт, ќе треба да се обврзат дека „ќе се стави крај на оваа ситуација“, но и дека во спротивно првенство ќе биде прекинато..

Денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис го започна со одлуките за синоќешниот кошаркарски натпревар, кој беше засенет од меѓусебните обвинувања на сопствениците на двата клуба и тужбата од Панајотис и Јоргос Ангелопулос од Олимпијакос против Димитрис Јанакопулос од Панатинаикос.

Маринакис посочи дека Владата, пред 15 месеци, презеде низа законски иницијативи и одлуки, „со цел да се стави крај на појавите на насилство кои немаат место во професионалниот спорт“.

– Вчерашните слики не му претставуваат чест за професионалниот спорт, а уште повеќе за два тима кои, со години, се протагонисти на европско ниво. Онаму каде што постојат кривични и дисциплински одговорности ќе бидат припишани и законот ќе се применува во целост. Па така, третото финале, кое требаше да се одржи задутре, во среда на 4 јуни се одложува. Истиот ден наутро, сопствениците на двата кошаркарски клуба се повикани во Министерството за образование, религија и спорт на состанок со алтернативниот министер за спорт Јанис Вруцис, за јасно да се обврзат дека ќе се стави крај на оваа ситуација, во спротивно, првенство ќе биде прекинато, рече Маринакис и додаде дека Владата веќе има покажано дека не толерира појави на насилство и деликвенција, без разлика дали се на спортски натпревари, на универзитети или на кое било друго место.

Олимпијакос и Панатинаикос вчера го одиграа вториот натпревар од финалето во грчкото првенство, што беше засенет од вербалните инциденти беа меѓу сопствениците на двата тима.

Сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос, кој беше во салата СЕФ (Стадион на мир и пријателство) на Олимпијакос, наводно со навредливи и вулгарни гестови одговорил на скандирањата од домашните навивачи, кои според неговото тврдење биле псовки и навреди кон неговата ќерка, по што било побарано да биде отстранет од теренот.

Јанакопулос на Инстаграм објави низа видеа од ходниците во салата, во кои видно нервозен тврдеше дека ако полицијата сака да го уапси тој им стои на располагање.

Домаќините го обвинија за вулгарно однесување и поднесоа тужба, која според грчките закони предвидува Јанакопулос да биде уапсен во рок од 48 часа по поднесувањето.

Следуваа и низа соопштенија од двата тима, а поради инцидентите Владата донесе одлука следниот, трет натпревар да биде одложен.

Олимпијакос и Панатинаикос минатиот викенд беа дел и од фајнал форот во Евролигата но не успеаја да стигнат до финалето.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија ја обвини Украина за масовен воздушен напад со 162 беспилотни летала

Следно

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Latest from Blog

Мелони го угости Макрон во Рим

Италијанската премиерка Џорџија Мелони вечерва во Рим го угости францускиот претседател Емануел Макрон на состанок што се смета за обид за ублажување на тензиите по годините затегнати односи и неодамнешните несогласувања меѓу

Советниците во Град Скопје не и дадоа можност на градоначалничка Данела Арсовска да ги образложи наводите за дивоградбите во Чаир

Советниците во Град Скопје не и дадоа можност на градоначалничка, Данела Арсовска, да ги образложи наводите за дивоградбите што ги откри на територијата на општина Чаир. Откако се изјаснија дека постојат оправдани

ВИДЕО: Интер ја потврди разделбата со Инзаги

Европскиот вицешампион Интер ја потврди вечерва разделбата со својот тренер Симоне Инзаги, само неколку часови откако веста претходно ја најавија дел од италијанските медиуми. „Би сакал да му се заблагодарам на Симоне

Вреди го промовираше Централниот изборен штаб, Аднан Азизи избран за шеф

Коалицијата Вреди вечерва во Скопје официјално го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори, закажани за октомври оваа година. За шеф на штабот е назначен пратеникот Аднан Азизи. На настанот,

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот
Go toTop