Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет

February 24, 2023
1 min read

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.

– Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, изјави Маричиќ, посочувајќи дека не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ во интервјуто уверува дека не треба да се плашат граѓаните од вето, бидејќи тоа не е во рацете на Бугарија, туку во наши раце и затоа ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме.

– Условите се тешки и не е праведно, не било лесно ни за нас, кои сме седеле на таа маса и сме преговарале ни било лесно и едноставно, напротив. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите, после изгубени десет години и многу пропуштени шанси, вели Маричиќ, додавајќи дека многу покомотно ќе било за Владата да не ги прифати никакви услови, да го стават Гоце Делчев на местото на Александар Македонски на плоштад и следните десет години да владеат на оваа тема.

На прашањето дали се почнати преговорите со ЕУ главниот преговарач со ЕУ објасни дека скринингот е започнат, а тоа може да се случи кога преговорите се формално почнати.

– Јас можам да ви потврдам дека 2022 е историска година за нас бидејќи по прв пат ги почнавме преговорите. Чешкиот министер за надворешни работи, на Меѓувладината конференција, рече дека преговорите се отворени и дека почнува да тече преговарачкиот процес. Имаме определени услови и фази што треба да ги поминеме за да продолжиме со преговорите кога и ќе ги отвориме поглавјата. Колку брзо тоа ќе се одвива зависи од нас и од тоа дали ќе ги исполниме обврските од преговарачката рамка, објасни Маричиќ.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ го одобри десеттиот пакет санкции против Русија

Следно

Беса отворена за опозициска соработка со Алтернатива

Latest from Blog

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,
Go toTop