Маратон во Охрид, разговорите влегоа во осмиот час

March 18, 2023
1 min read

Неизвесно е дали Вучиќ, Курти и европските посредници ќе ја најдат магичната формула процесот за нормализација меѓу Србија и Косово да тргне вистински напред

Нема крај на повидок на разговорите меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти со посредство на европските претставници во вилата „Билјана“ во Охрид. Откако имаа поединечни состаноци српскиот претседател и косовскиот премиер со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, тие седнаа на трилатерална средба. Првиот сет од неа траеше повеќе од еден час по што беше направена пауза.

Повеќе од 230 новинари и сниматели во прес-центарот во хотелот „Инекс-Олгица“ седат рцел ден без при тоа да имаат каква било опиплива информација што се случува во вилата којашто е на околу 400 метри оттаму. Повремено стигнуваат информации од кабинетите на Курти и Вучиќ, но во нив нема ништо специјално. По завршувањето на разговорите на новинарите треба да им се обрати Борел, но никој не знае кога ќе биде тоа. И што е најважно – какви вести ќе пренесе.

Дали Белград и Приштина ќе ја најдат формулата со европско посредништво да тргнат понапред од онаму каде што застанаа пре три недели во Брисел?

Поранешниот американски амбасадор во Србија, Камерон Мантер, предупредува дека договорот на хартија не е исто што и спроведувањето на договореното на терен. Вишиот соработник на Институтот за општествени науки во Виена, Иван Вејвода, е внимателен околу средбата во Охрид и посочува дека доколку Приштина и Белград сакаат да влезат во ЕУ, мора да се однесуваат во согласност со нејзините правила и вредности.

Албанскиот новинар и поранешен пратеник од Приштина Ветон Сурои вели дека најдобриот исход од денешната средба би било да не се создаде нов камен на сопнување и додава дека претстои тежок процес и дека не треба да очекуваме магичен потпис кој ќе ги реши сите прашања.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски за Канал 5: Северна Македонија е фактор на стабилност на Балканот

Следно

Мицкоски: Лично ќе се занимавам со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop