Маневски: Апсурд е дека Владата треба да молчи за ситуацијата во Судството, таа според  Уставот е одговорна за извршувањето на законите

November 19, 2025
1 min read

 

Некој овде намерно ги испомешал работите, не е точно дека владата не смее да се меша ида коментира кога судството и обвинителството се во хаос. Уставната одредба во член 91 посочува дека токму Владата како извршен орган на државата е должна да се грижи за почитувањето на законите и ја креира политиката за нивно извршување, потенцира поранешниот министер за правда, јавен обвинител, судија и прв антикорупционер Михало Маневски во „За или против“ со Љупчо Цветановски..

-Постојат три власти во државата, извршна, законодавна и судска. Но тоа не значи дека се целосно автономни и дејствуваат сами, тие се во една кохезија. Тоа е она што треба да значи функционирање на еден систем. Согласно уставот, член 91 од Уставот на РМ, владата како извршен орган во државата ја креира политиката на извршување на законите и е одговорна за нивно извршување, тоа стои во Уставот. Значи, тоа е уставна категорија, посочи човекот кој има повеќедецениска кариера во различни правосудни органи.

-Значи, владата сега треба да молчи ако не се почитува правилото на легалитет од страна на Јавниот обвинител, кога не се покренуваат кривични постапки кога има услови за тоа и кога се сторени кривични дела? Значи, Владата не треба да реагира кога не се суди во разумен рок, кога се прават долги судења кои траат по неколку години, децении, кога застаруваат кривичните дела? Кога не се почитува правилото на Европската конвенција за правично судење во разумен рок? Тоа е апсурд, затоа што Владата ја креира политиката на извршување и е одговорна за извршување на Законот за Судскиот совет и на Законот за јавни обвинители и на Законот за судска служба, така што мислам дека некои работи овде се испомешани, не би рекол од недоволно развбирање на потребата од една кохезија која треба да значи функционирање на системот и исполнување на правата на граѓаните и напредокот на државата за кои треба да се грижи судството. Тоа е еден императив. Тоа е според Уставот, а не еден ваков став каков што е изнесен во ова „судско“ соопштение, кое е крајно непримерно и не води кон она што го налага Уставот, оцени Маневски во интервју за ТВ Алфа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Коњановски: Екипите се на терен, состојбата во Битола е под контрола

Следно

ШТО Е ПРЕКУМЕРНО СПИЕЊЕ? Лекарите сметаат дека сè над оваа бројка е премногу

Latest from Blog

Лекари и аптеки во Грција преку незаконско препишување рецепти нанеле штета од околу 12 милиони евра

Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните проверки за прекршувањата во

Познат балкански ноќен клуб целосно изгоре во Виена – за среќа бил затворен во моментот на пожарот

Пожар избувна во популарен ноќен клуб во Виена во вторник вечерта. Клубот бил посетуван од иселеници од Балканот. Пожарот во клубот „Вилиџ“ брзо се прошири на покривот. Пожарникарите пристигнаа на местото на настанот со

ШТО Е ПРЕКУМЕРНО СПИЕЊЕ? Лекарите сметаат дека сè над оваа бројка е премногу

Доволното квалитетно спиење е несомнено еден од најважните фактори кога станува збор за нашето ментално и физичко здравје и квалитетот на животот. Добриот сон не само што нè одржува освежени и подготвени
Go toTop